И Џеки Чен го носеше олимпискиот факел: Станав во 4 наутро, се смрзнав, но среќен сум

Легендарниот акционен херој од филмското платно, Џеки Чен, беше дел од оние коишто го носеа олимпискиот оган кон стадионот во Пекинг, каде што денеска од 13 часот ќе започне церемонијата на свеченото отворање на Зимските олимписки игри 2022.

Токму Џеки Чен беше главната ѕвезда меѓу оние коишто го носеа олимпискиот факел. Голем број негови обожаватели трчаа заедно со него, а ја искористија и шансата да се фотографираат со омилениот глумец.

„Се разбудив во 4 наутро. Ова ми се четврти Олимписки игри. Малку замрзнав, но среќен сум“, рече Џеки Чен, кој и на Летните олимписки игри во 2008 година имаше свое шоу како на отворањето така и на затворањето на тие Игри.

Рутата на олимпискиот факел е скратена како дел од протоколите поради корона-вирусот. Прв кој го зеде факелот во своите раце беше некогашниот НБА-кошаркар, Јао Минг, а во неговото носење учествуваат вкупно 1.000 луѓе.

Македонија на овие ЗОИ ќе биде претставувана од тројца спортисти.

- Оглас -

Најнови вести