И двајца одбојкари се меѓу загинатите во земјотресот што ја погоди Турција

Турските медиуми потврдија дека двајцата одбојкари, Еминџан Коџабаш, кој играше за Малатија, и Мехмед Џан Агрибаш од Ескишехир се пронајдени мртви под урнатините на зграда по разорниот земјотрес кој ја погоди земјата пред два дена.

„Со длабока тага дознавме дека Мехмет Џан, кој настапуваше за Малатија, загина во земјотресот што ја погоди Турција“, стои во соопштението на Турската одбојкарска федерација.

Исто така е потврдена и смртта на Еминџан Коџабаш од Ескишехир.
„Сите жалиме за нашиот одбојкар Еминџан Коџабаш од Ескишехир, син на потпретседателот на провинцијата Ескишехир, Булент Коџабаш, кој загина во земјотресот во Малатија“, објави турскиот тим Ескишехир.

- Оглас -

Најнови вести