И двомечот Бенфика – Арсенал ќе се игра на неутрални терени

УЕФА одреди нови терени за двомечот меѓу Бенфика и Арсенал во првата рунда од Лигата на Европа.

Лисабонските Орли на 18 февруари ќе бидат домаќини на „Олимпико“ во Рим, додека возвратниот меч во кој Топчиите ќе ја имат улогата на домаќини ќе се игра на „Караискакис стадионот“ во Атина, домот на Олимпијакос, на 25 февруари.

Новите рестрикции околу пандемијата со корона-вирусот воведени во повеќе европски земји доведоа до промени на местата, односно стадионите на кои ќе се играат натпреварите од вториот по ранг меѓународен шампионат.

- Оглас -

Најнови вести