И ЕХФ им се поклони на вардаровите навивачи: Тие се фантастични (Видео)

Вардар загуби убедливо со 22:30 од Веспрем на домашен терен во првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите и е пред елиминација, а и во такви услови и тежок пораз повторно блескаа навувачите на двојниот европски првак.

Признание за верноста, за амбиентот што по којзнае кој пат го направија во салата „Јане Сандански“ им оддаде и Европската куќа на ракометот, ЕХФ.

Познатиот скопски пекол овојпат не беше доволен за успех на Вардар, но за атмосферата која е веќе позната и во светски рамки сите имаат само пофалби.

Реваншот ќе се игра на 6. април, а победникот ќе игра четвртфинале со Алборг.

- Оглас -

Најнови вести