И Феликс може да игра „шпиц“

Во отсуство на напаѓачите Луис Суарес и Диего Коста, блесна младиот Жоао Феликс за Атлетико и ја донесе победата од 3-1 над Осасуна. Јорганџиите ја запишаа четвртата победа во Ла Лига и остануваат непоразени по шест меча, со само две ремија.

Феликс пред паузата реализираше од пенал за 1-0 во корист на гостите, а непосредно по стартот на вториот дел се најде во идентична ситуација, но овојпат не ја искористи најстрогата казна.

Сепак, Златното момче за 2019 година успеа по вторпат да се запише во листата стрелци зво 69-тата минута за сигурна предност на Атлетико, па така Феликс влезе во серија од четири гола во последните два меча, откако двапати се радуваше против Салцбург во ЛШ.

Конечниот резултат го постави Тореира со првенецот за Јорганџиите, а Будимир во 80-тата минута стрелаше за почесен гол на Осасуна.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести