И Фирмино го пропушта мечот со Баерн?

Минатата недела се појавија непосакувани проблеми за Јирген Клоп во пресрет на дуелот против Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Германскиот стратег мака мачи да состави одбранбена линија, здрав е само Матип, останатите се во аут поради повреди и суспензија, а сега најверојатно против „баварците“ ќе изнесе состав на теренот во кој ќе го нема Роберто Фирмино.

Бразилскиот напаѓач денес не се појавил на тренинг, според клупските информации тој има настинка, па неговиот настап е ставен под знак прашалник. Фирмино е клучна фигура во тактиката на Клоп, со сигурност ќе биде голем хендикеп ако тој не закпрепне до утре навечер.

Дуелот на „Енфилд роуд“ е закажан за 21 часот, додека реваншот во Минхен ќе се одигра на 13-ти март во истиот термин.

- Оглас -

Најнови вести