И газдата Ибрахимовиќ ќе биде среќен по необичниот еврогол на Родиќ (Видео)

Хамарби го победи АИК со 3:2 во меч од шведскиот куп, а и Златан Ибрахимовиќ ќе биде среќен по победата на тимот во кој поседува 25 посто од акциите, особено за евроголот што го постигна Владимир Родиќ.

Црногорскиот репрезентативец даде необичен, но многу ефектен погодок во победата од 3:2, што сигурно ќе биде по мерак и на легендата Ибрахимовиќ.

Rodic against rivals aik (2-1) from soccer

Изненадувачки Златан лани купи 25 посто од акциите на Хамарби, иако играше за Малме, клуб кој е голем ривал на Хамарби.

Имаше и простести во Малме, дури и закана за отстранување на скулптурата со ликот на Ибрахимовиќ, но Златан не се откажа и е дел од сопственичката структура во Хамарби.

 

- Оглас -

Најнови вести