И големиот Икер воодушевен од Златан: Тој е најдобар на сите времиња (видео)

Шведска пред два дена во квалификациите тргна со минимален триумф од 1-0 над Грузија, а мечот беше во знакот на Златан Ибрахимовиќ и неговото враќање во селекцијата по пет години пауза.

Со еден потег, Ибрахимовиќ на фанстастичен начин асистираше до Клаесон за победничкиот гол, по што го воодушеви и големиот голман Икер Касилјас.

Некогашниот чувар на мрежата на Реал Мадрид, на „Твитер“ кратко и јасно напиша: „Најдобар на сите времиња, Златан Ибрахимовиќ“, занемарувајќи дека долги години делеше соблекувална со Кристијано Роналдо, а еден од најголемите ривали во кариерата му е Лионел Меси.

https://www.youtube.com/watch?v=Fhuu2gMqc2Y

- Оглас -

Најнови вести