И хокејот застанува привремено: НХЛ лигата ги одложи мечевите во знак на протест

Протестите поради пукањето кон Афроамериканецот Џејкоб Блејк од страна на полицијата стигнаа и до НХЛ лигата. Од ноќеска сите натпревари се одложени, Асоцијацијата на националната хокеарска лига ја поддржа одлуката на кошаркарите од НБА лигата да не играат додека не се реши ситуацијата.

Во меѓувреме, одлучено е дека сезоната во НБА лигата ќе продолжи, откако мнозинството играчи гласаа да се продолжи со натпреварувањето во разигрувањата. Претходно се одложија мечеви од фудбалската МЛС лига, а до прекин дојде и на тенискиот турнир во Синсинати од АТП Мастерс 1000 серијата.

- Оглас -

Најнови вести