Фиорентина му го раскина договорот на Тарик Лампти, фудбалерот од Гана кој одигра само 25 минути за Виолетовите, а му исплатија вкупно околу 8 милиони евра и тоа е еден од најлошите финансиски бизниси во историјата на клубот.
Лампти дојде од Брајтон за 6 милиони евра, требаше да биде големо засилување на крилната позиција, но престојот во Фиренца му беше фијаско. Главна причина за тоа е тешката повреда на коленото на брзиот Африканец.
Покрај исплатената отштета, Лампти имал годишна нето-плата од 1,5 милиони евра. Кога ќе се соберат сите трошоци (даноци, придонеси и плати за девет месеци), Фиорентина потрошила околу осум милиони евра за него. Најневеројатната сума како за некој што поминал вкупно само 25 минути на теренот во дресот на Фиорентина.
Кога вкупната инвестиција од осум милиони евра ќе се подели со времето поминато во играта, се добива ваква бројка: Лампти ја чинеше Фиорентина неверојатни 320.000 евра по минута!
За да биде уште полошо за буџетот на клубот, оваа сума не ја вклучува отпремнината што ја доби играчот кога договорот му беше раскинат предвреме, па затоа вистинската бројка е уште поголема. Навивачите на Фиорентина ќе се обидат што побрзо да го заборават овој трансфер бидејќи Лампти стана симбол на неуспешна инвестиција што „изеде“ огромна сума пари без никаков ефект врз тревнатиот терен.

