И Холанѓаните се плашат – Џон Флек е позитивен на корона, Шкотите ќе играат уште без шестмина играчи вечерва во Фаро

Џон Флек, играчот на Шефилд јунајтед има корона-вирус и е изолиран во шкотскиот фудбалски табор, а поради превентива уште шестмина шкотски репрезентативци вечерва нема да играат против Холандија во Фаро.

Пријателскиот меч во Португалија меѓу двата учесници на Европското првенство се претвори во многу проблематична ситуција за Шкотите само на десетина дена пред стартот на шампионатот.

Флек е веќе во карантин, а Шкотска ќе игра и уште без шестмина играчи, но нивните имиња не се објавени. Тие биле во контакт со играчот на Шефилд јунајтед и се изолирани.

Холандија ќе ѝ биде противник на Македонија во фазата по групи на ЕП и со Лалињата треба да играме на 21 јуни во Амстердам.

Сега и за нив е проблематичен дуелот во Фаро против Шкотска вечерва од 20.45 часот, но засега нема најави за некакво одложување на пријателскиот меч.

 

- Оглас -

Најнови вести