И Иран како Англија – Прекината е серија од 23 меча без пораз

Бахреин го победи Иран со 1:0 и му ја прекина убавата серија од 23 меча без пораз на гигантот од Азија. Играчот од средниот ред на данскиот Вејле, Мохамед Ал-Хардан беше прецизен од белата точка во 65-тата минута на мечот во Рифа и остана во игра за првото место во групата Ц во квалификациите за пласман на следниот Мундијал.

Иран не беше поразен од 2012 година, односно цели 7 години.

Интересно, во долгата серија од 23 меча без пораз не се смета пријателскиот дуел со Македонија, што Иран го доби со 3:1 во јуни 2016 година. Во долгата низа успеси на Иранците пресметани се само квалификациските натпревари за настап на Светски првенства.

- Оглас -

Најнови вести