И Јанис се појави на протестите: Не сакам моето дете да порасне во свет со омраза и расизам

Во САД продолжуваат масовните протести за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полицијата, а во Милвоки денес со демонстрантите протестираше и Јанис Адетокумбо. Ѕвездата на Бакс му се обрати на народот повикувајќи на правда за смртта Флојд.

„Сакаме правда, сакаме промени, затоа сме излезени на улици. Токму поради тоа јас протестирам заедно со вас. Не го правам ова поради публицитет, воопшто не ме интересира тоа. Сакам моето дете да порасне тука во Милвоки и без страв да се движи по улица. Не сакам да живее во свет со омраза и расизам“, порача Јанис.

- Оглас -

Најнови вести