И јас плачев како Меси, но морав да си го исполнам сонот наречен „Лига на шампиони“

Џек Грилиш во саботата дебитираше во дресот на Манчестер сити и веднаш претрпе разочарување со поразот од Лестер во Комјунити шилд мечот. Денес Граѓаните го претставија рекордното засилување на своите фанови, по што англискиот репрезентативец откри зошто се одлучи да потпише за актуелниот владетел на Премиер лигата.

„Видовте како Меси се раздели со Барселона, со плачење, а плачев и јас кога се збогував со соиграчите и стручниот штаб од Астон вила. Сепак, преголем беше сонот да заигра во Лигата на шампионите, неколкупати го имав тоа кажано во минатото. Едвај чекам да ја слушнам најпознатата фудбалска химна, да бидам дел од европската сцена секој вторник и среда“, порача Грилиш.

За клубот од неговото детство, Грилиш настапуваше седум години и прерасна во врвен фудбалер со што доби одговорност да биде капитен на Астон вила. Неговиот трансфер вреден речиси 118 милиони евра е рекорд на Островот, а тој е меѓу најплатените играчи во Премиер лигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести