И Клоп е против Суперлигата: Се работи за пари и ништо друго

Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, клубот кој е еден од 12-те основачи на Суперлигата, е против новоформираното елитно натпреварување кое ја подели фудбалска Европа.

Предводникот на Црвените уште пред дуелот против Лидс го изрази своето незадоволство околу одлуката на великаните да се одделат од натпреварувањата на УЕФА, а воедно истакна дека единствената причина за овој потег се парите.

„Мојот став околу Суперлигата е ист како на мнозинството кое се противи. Навистина тежок удар за фудбалот, луѓето воопшто не се среќни. Јас секако не сум вмешан во ова, Ливерпул е многу повеќе од една одлука на сопствениците. Мојата цел отсекогаш беше да учествувам во Лигата на шампионите, а притоа ми се допаѓа идејата Вест хем да биде дел од европскиот крем“, посочи Клоп, па додаде:

„Не треба да заборавиме дека најважниот дел од фудбалот се екипите и нивните навивачи. А, ние треба да се погрижиме ништо да не им се спротивстави на тие два елементи. Го разбирам гневот на навивачите, не ми е сфатливо зошто овие 12 клуба се одлучија за ваков потег. Но, причината е очигледна, се работи за пари и ништо друго“, заврши Германецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести