И Квотите на денот во знакот на Македонија

Во Квотите на денот кои ги нуди Sport Life, посебно се истакнува типот на Македонија дека ќе даде најмалку еден гол во првото полувреме, односно ќе паднат уште два гола во вторите 45 минути од средбата против Лихтенштајн која вечерва (20:45ч) се игра во Скопје.

Тоа значи дека се очекува Рисовите да обезбедат убедлива победа ако се знае дека Лихтенштајн во четири гостувања во Скопје просечно прима по три погодоци. Типот Т1 1+I & 2+II носи одличен коефициент 2.80.

На Шпанците им е потребна победа по ремито со Грција на домашен терен, па се очекува Фуријата да доминира во Тбилиси и да ја надигра Грузија. Победа со повеќе од три гола и водство во двете полувремиња во корист на Шпанија, нуди квота од 2.70.

Романија на драматичен начин ја оствари победата над Македонија, па сега повторно на домашен терен треба да ја пречека големата Германија. Овојпат Романците нема да делуваат така самоуверено против четирикратниот светки шампион, па се очекува Панцерите да издоминираат во ефикасен меч во Букуреш за 2.25 квота.

- Оглас -

Најнови вести