И Лондончани се вклучија во бунтот: „Не“ за играњето на неутрални терени

Извесно време во Англија се дискутира дали сезоната во Премиер лигата ќе продолжи со играње на натпреварите на неутрални терени. Откако се појави ова опција, екипите кои се борат за опстанок (Брајтон, Астон вила, Вест хем, Ватфорд, Норвич и Борнмут) веднаш се изјаснија дека се против тој план, а медиумите од Островот најавија дека тие добија поддршка од клубовите со поголеми амбиции.

Во бунтот се вклучија и лондонските екипи Челзи, Арсенал и Тотенхем. И тие исто така се против сезоната да се доигра на неутрални терени. Иако за ова допрва треба да се дискутира, извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс, веќе посочи дека повеќето клубови нема да прифатат на овој начин да се финишира прекинатата сезона.

Од претходно беше најавено дека преостанатите 92 меча ќе се одвиваат на 10 неутрални терени низ Англија, но се чини дека единствен услов за успешен рестарт на шампионатот ќе биде сите екипи да играат на своите стадиони пред празни трибини.

- Оглас -

Најнови вести