И Мартин Лутер Кинг би се гордеел – Лилард со 61 поен го одбележа денот на великанот

Демиен Лилард постигна 61 поен во победата на Портланд против Голден стејт од 129:124 и урна неколку рекорди на денот што во САД се слави во чест на великанот Мартин Лутер Кинг.

Портланд победи по продолженија, а Лилард постави нов личен рекорд и сега е сопственик на најдобриот кошгетерски учинок во мечевите што се играат на денот што се празнува во чест на познатиот борец за човекови права.

„Имав можност да ја коригирам утката од слободни фрлања од пред некоја година и го сторив тоа. Поважно е што Портланд победи, но секако ми е драго што остварив рекорд на денот во кој го славиме Мартин Лутер Кинг“, изјави Лилард.

Со врвна претстава може да се пофали и Џејсон Тејтум, кој постигна 27 поени на големото и вечно дерби во НБА-лигата. Тој го предводеше Бостон до убедлива победа против Лос Анџелес лејкерс од 139:107 во меч на двете најтрофејни НБА франшизи во историјата на лигата.

Резултати: Вашингтон – Детроит 106:100, Атланта – Торонто 117:122, Бруклин – Филаделфија 111:117, Шарлот – Орландо 83:106, Кливленд – Њујорк 86:106, Хјустон – Оклахома 107:112, Мемфис – Њу Орлеанс 116:126, Мајами – Сакраменто 118:113 (по продолженија), Милвоки – Чикаго 111:98, Бостон Л.А Лејкерс 139: 107, Минесота – Денвер 100:107, Феникс – Сан Антонио 118:120, Јута – Индијана 118:88, Портланд – Голден стејт 129:124 (по продолженија).

- Оглас -

Најнови вести