И Мексиканците се исплашија – Класура „Класа-2020“ нема да се доигра

Уште едно првенство во светот на фудбалот нема да продолжи, а се откажаа Мексикнаците, па популарната Класура доживеа предвремен крај поради пандемијата со Ковид-19.

Популарната МХ лига во Мексико беше прекината во март по 10 одиграни рунди, а останаа да се доиграат уште 7 кола, плус плејофот, но сега е дефинитивно јасно дека сезоната е предвреме завршена, без да се прогласи шампион.

Во првенствата на Јужна и на Средна Америка најчесто се играат две фази, популарните Апертура и Класура, но овојпат стандардниот возен ред го наруши опасниот вирус.

На одлуката на мексиканската фудбалска федерација и претходеа тестирањата на прволигашите на Ковид-19 и случајот со 12 заразени играчи на Сантош Лагуна пред три дена само ја забрза одлуката да не се доигра шампионатот.

Одредено е Круз Азул и Леон како две првопласирани екипи да настапат во Лигата на шампионите на Конкакаф зоната.

- Оглас -

Најнови вести