Монако со петарда против четвртолигашот ГФА47 се пласира во финалето на францускиот Куп, каде што за трофејот ќе се бори со ПСЖ. Во победата од 5-1 имаше четворица различни стрелци и еден автогол на Бозон, а победата на Кнезовите можеше да биде поубедлива доколку Фоланд ја искористеше зицер ситуацијата.
При водство од 2-1 за гостите, Бен Једер го проигра осамениот Фоланд, а овој од два метри некотролирано шутна и ја погоди гредата, па неговите соиграчи во неверување се чудеа како е можно да не даде гол.