И на 40 години ги „успива“ противниците – Пакјао покажа зошто е боксерска легенда (Видео)

Мани Пакјао уште еднаш покажа зошто е една од најголемите боксерски легенди, откако го доби боксерскиот спектал против Кит Турман во Лас Вегас. Филипинскиот боксер потсети на своите најдобри денови, освојувајќи ја велтер титулата во ВБА федерацијата.

Турман до овој дуел немаше ниту еден пораз во кариерата (29 победи, од кои 22 со нокаут), но не знаеше дека во 40-годишниот Пакјао уште има неверојатна сила. Американскиот боксер едноставно не можеше да се спротистави на 10 години постариот ривал и на крајот Пакјао победи со 2:1 благодарение на судиската одлука.

Двајца судии му дадоа предност на Пакјао 115:112 и 115:112, додека еден арбитар бодуваше дека Турман бил подобар со 114:113.

Уште во првата рунда Пакјао го прати Турман на подот и потоа Американецот не успеа да се врати во мечот, иако имаше свои моменти во кои покажа зошто досега бил непоразен.

Популарниот Пакман со оваа победа стана петиот најстар боксер со светска титула. Тој има точно 40 години и 215 денови.

https://youtu.be/WgYLOb4LVfA

 

- Оглас -

Најнови вести