И на Бејл му скисна од ВАР системот (Видео)

Герет Бејл реагираше на интересен начин при проверката за последниот гол на Данска против Велс, во последните моменти, кога веќе се беше јасно и решено.

Проверката со помош на модерната технологија траеше предолго, а ги докусури Велшаните. Погодокот на Брајтвајт беше регуларен за убедлива победа на Данска и катастрофален пораз на Велс од 4:0.

Gareth Bale’s Reaction to Longest Offsides VAR Review of Euro 2020 so far from soccer

Бејл и соиграчите си одат дома веднаш по првата фаза во нокаут натпреварите и не успеаја да го повторат подвигот од претходното ЕП кога играа во полуфиналето и беа елиминирани од Португалија, селекција која потоа стана европски првак.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести