И на „Енфилд“ се подготвувала шампионска прослава

Фотографии од подтрибинските простории на „Енфилд“ се доказ дека во Ливерпул сериозно се подготвувале за прослава на титулата во Премиер лигата.

Беше објавено дека во Ливерпул ќе има и реплика на шампионскиот пехар, но победата на Манчестер сити над Брајтон ја расипа толку чеканата прослава во градот на Битлси, па ниту пехарот беше кренат, а и монтажните шампионски сводови останаа во подтрибинскиот простор на „Енфилд“.

Ливерпул беше блиску до титулата како никогаш во претходните 29 години, освои дури 97 бода, но остана кус за еден бод, па шампионската титула ја одбрани Манчестер сити. На „црвените“ им останува надежта дека можеби следната сезона ќе биде онаа вистинската и дека конечно ќе ги разбијат малерот.

- Оглас -

Најнови вести