И невремето не му може ништо: Хамилтон до 90-та пол-позиција во кариерата

Луис Хамилтон и во тешки услови е најдобар меѓу возачите во Формула 1 откако денеска ја обезбеди 90-тата пол-позиција во кариерата. На патеката „Ред бул ринг“ во Австрија, во пресрет на трката за ГН на Штаерска, Британецот беше неприкосновен во двата квалификациски циклуси иако условите беа речиси неподносливи за возење.

За освојување на пол-позицијата, Хамилтон извозе 1:19.273, односно 1,2 секунда повеќе ов второпласираниот Макс Ферстапен од тимот на Ред бул. Во топ 3 се приклучи и Карлос Сајнц на Мекларен, додека Валтери Ботас утре ќе тргне од четвртата позиција.

Ферари разочара на квалификациите, а ќе ги предводи Себастијан Фетел од 10-тото место, додека Шарл Леклер е зад тимскиот колега. Окон, Норис, Албон, Гасли и Рикиардо го комплетираат топ 10 пласманот.

Трката е закажана за утре со почеток во 15 часот.

- Оглас -

Најнови вести