И од институција како ФА купот направија циркус – За Кроули против Лидс играше ѕвезда од ријалити шоу

Марк Рајт си го оствари сонот да одигра фудбалски меч како професионалец откако 33-годишната англиска ѕвезда од популарните „Ријалити шоу програми“ влезе во игра како резерва во 90-тата минута за Кроули против Лидс.

Четвртолигашот приреди сензација со победа од 3:0, а срамот долго ќе ги јаде и играчите на Лидс, но и Англиската федерација, која дозоволи Рајт да игра за Кроули.

ФА купот е институција во Англија, и тоа убедливо најголема во фудбалот, а се игра од 1871 година, што значи и тривековна традиција.

Рајт како 20-годишно момче го напушти фудбалот и не успеа да одигра ниту еден меч за Кроули тогаш, потоа беше учесник на ТВ-реално шоу, а сега му беше дозволено да игра во меч од ФА купот.

Кроули веќе имаше обезбедено пласман во петтата фаза во националниот куп на Англија, водеше со 3:0, кога 33-годишниот Рајт влезе како резерва.

Пред 15-тина дена тој беше регистриран како играч на Кроули, тим кој настапува во Лига 2 во Англија, а денеска приреди голема сензација со победа од 3:0 против премиерлигашот Лидс.

- Оглас -

Најнови вести