Жирона е дебитант во Лигата на шампионите, а според играта и резултатите од првите пет кола, шпанскиот тим уште по групната фаза ќе го заврши настапот во елитното европско друштво. Жирона вечерва загуби на гостувањето кај Штурм со 1:0, иако лесно можеше резултатот да биде сосема поинаков.
Голот за победа на домаќините беше постигнат во второто полувреме, но гостите може да жалат за тоа што го промашија во првиот дел.
Се играше средината на првото полувреме кога гостите беа во напад. Иван Мартин продре по десната страна, се обиде да го проигра Бојан Миовски, но домашните дефанзивци ја пресекоа топката. Акцијата на Жирона продолжи, топката дојде до Мартин, кој само на два метра беше осамен пред празниот гол, но наместо да ја затресе мрежата на Штурм, шутираше над голот.
Промашувањето на Мартин може да го видите ТУКА.