И ова го има на Отвореното првенство на Австралија: Навивач украде пешкир, судијата го бркаше (Видео)

Првото коло на Отвореното првенство на Австралија го одбележа еден бизарен инцидент. Кинеската тенисерка Лин Жу ја победи Ребека Марино од Канада со 6:2, 6:4 и на тој начин си обезбеди место во второто коло на првиот гренслем-турнир сезонава.

По завршувањето на мечот, додека двете тенисерки се поздравуваа на мрежата, Канаѓанката ѝ посочи на Лин Жу дека некој навивач ѝ го краде пешкирот. Во тој момент реагираше главниот судија, кој веднаш скокна од столчето на кое седеше и тргна да го брка крадецот.

 

- Оглас -

Најнови вести