И оваа петиција на фановите на Ливерпул е пропадната, нивниот играч ги „зезна“ (Видео)

Навивачите на Ливерпул не може да се помират од високиот пораз од 3:0 на гостувањето кај Барселона, во првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампиони. Лионел Меси беше незадржлив на „Камп Ноу“ и даде два гола. Фановите на Ливерпул сега обидуваат на секаков начин да го сопрат Лионел Меси да игра на реваншот на „Енфилд роуд“.

Почнаа да собираат онлајн петиција дека УЕФА треба да го суспендира Меси поради удирање на Фабињо, во ситуацијата кога беше досуден слободен удар по кој Аргентинецот погоди за 3:0. Фановите на Ливерпул дури најдоа и снимка, па зумираа како Меси го удира Фабињо.

Сепак, сето тоа им паѓа во вода бидејќи самиот Фабињо за кого тие тврдат дека бил удрен, всушност е играчот кој му се извинува на Меси поради направениот прекршок. Играчот на Ливерпул намерно му ја пресекува патеката на движење на Меси за да го сопре во нападот. Затоа Фабињо и доби жолт картон, а потоа му се извини на капитенот на Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести