И по смртта, Марадона го шокира семејството

Цел ден трае простувањето на навивачите од легендарниот Диего Армандо Марадона. Еден од најдобрите фудбалери во историјата почина вчера на 60-годишна возраст, а денеска ковчегот со неговото тело е изложено во претседателската палата во Буенос Аирес.

Стотици илјади фанови на Марадона досега поминаа да дадат последен поздрав за миленикот кој ја донесе последната светска титула за Аргентина. Според последните информации, семејството на Марадона неодамна дознало дека Диего Армандо имал една желба откако ќе умре.

Марадона сакал неговото тело да биде балсамирано, а потоа изложено. Првичниот план беше Марадона да биде погребан покрај своите родители, но сега останува дилема дали ќе има промена во последен момент.

- Оглас -

Најнови вести