Реал Мадрид беше понижен на „Сантијаго Бернабеу“ откако со 0:4 загуби од Барселона, а тренерот на Кралевите, Карло Анчелоти смета дека неговиот тим не бил инфериорен, а уште поинтересно потенцираше дека Реал кога последен пат загубил со 4:0 од Барселона, Кралевите во таа сезона станале прваци во Шпанија и шампиони на Европа.
„Мојот став е дека ова беше израмнет меч. Имавме неколку шанси, игравме интензивно во првото полувреме кога можевме да постигнеме гол, ако бевме малку попрецизни во шутевите. Ние можевме први да дадеме гол. Кога го примивме првиот гол, веднаш потоа дојде и вториот и нашата енергија ја снема. Потоа ризикувавме, оставивме простор во последната линија, а тие тоа го користеа преку контранападите. Бев задоволен како игравме во првиот дел. Очигледно дека ова е силен удар за нас“, рече Анчелоти, кој додаде дека сезоната е многу долга и дека заостанувањето од шест бодови не е недостижно.
Италијанскиот стратег објасни дека по примениот четврти гол не влегол во конфликт со Флик, туку реагирал дека еден од неговите помошници непристојно прославувал. Флик се сложил со Анчелоти дека прославата била непристојна.
„Не се скарав со Флик, туку со неговиот помошник. Не се однесуваше како господин. Му го реков тоа на Флик и тој се сложи“, објасни Анелоти. Таа ситуација може да ја видите ТУКА.