И Порто ја осети силата на европскиот првак Вардар

Европскиот ракометен првак Вардар се израдува на втората победа во вториот меч од Лигата на шампиони. На домашен терен, Црвено-црните ги израдуваа навивачите во „Јане Сандански“, откако со 32:27 беше победен Порто.

Гостите од Португалија во цело прво полувреме даваа одличен отпор, па на почетокот имаа предност од 6:3. Вардарци се мачеа да ја стигнат негативата, но потоа со серија од 4:0 стигнаа со 10:8. Сепак, кога се мислеше дека Порто ќе се предаде, гостите во финишто на првиот дел направија пресврт и со серија од 6:0, стигнаа до висока предност од 14:10, а на полувреме заминаа со водство од 16:14.

Ова водство на Порто како да беше аларм за освестување на вардарци. Моќта на европскиот првак, Порто ја почувствува во второто полувреме. Беше 19:19, а потоа следува препознатливиот ритам на Вардар. Одбраната беше многу подобра, а нападот безгрешен, а тоа донесе одлична предност на Вардар од 27:20 во 45 минута.

Во една таква ситација, Вардар во последните 15 минути само рутински ја задржа предноста и стигна до нов триумф. Криштопанс и Чупиќ со по седум гола беа најефикасни, а одличен беше и голманот Кугис кој имаше 10 одбрани, од кои девет беа во вториот дел.

Во третото коло Вардар ќе гостува кај Мотор Запорожје.

- Оглас -

Најнови вести