И позајмица на Де Јонг е добра опција за Барселона

Френки де Јонг треба да почне да размислува да си замине од Барселона бидејќи третманот што го добива во најмала рака е непрофесионален од страна на Каталонците.

Колку и да е цврст на ставот да остане на „Камп ноу“, клубот цело време бара решение како да се ослободи од неговата висока плата со цел да ги регулира финансиите. Холанѓанецот одбива трансфер во Манчестер јунајтед, не го интересираат ниту Баерн и Челзи, па сега позајмица звучи како најкомпромисно решение во моментов.

Имено, Барселона би се согласила да го позајми Де Јонг на една сезона доколку се најде клуб кој целосно ќе ја финансира платата на играчот за врска. На тој начин Барса економски ќе се регулира, новите играчи ќе се регистрираат, а по една година Де Јонг би се вратил назад во клубот.

- Оглас -

Најнови вести