И пред Халанд, во Борусија имало ваков феномен

Ерлинг Халанд повторно е во центарот на фудбалска Европа, откако младиот Норвежанец имаше феноменално деби во дресот на Борусија Дортмунд. Тинејџерот кој во зимскиот преоден рок од Салцбург се пресели во Борусија Дортмунд, во игра влезе во 56 минута, а само 183 секунди подоцна го постигна и првито гол во Бундеслигата. Веќе во 79 минута, Халанд се радуваше на хет-трик и е најзаслужен во поведата над Аугзбург. 

Халанд сезонава вкупно има дадено 31 гол во 23 натпревари, а има и седум асистенции. Сепак тој не е единствен играч кој во дебито постигнал три гола за Борусија Дортмунд. Претходно тоа му успеало и на Пјер Емерик Обамејанг, кој во 2013 година во првиот меч како играч на Милионерите даде три гола. Интересно е што и Обамејанг трите гола ги има постигнато против Аугзбург.

 

- Оглас -

Најнови вести