И Реал Мадрид се израдува во 2019 година во Примера дивисион

Реал Мадрид се намачи, но на крајот стигна до победа на гости кај Бетис со 2-1. За Кралскиот клуб ова беше прва победа во третиот првенствен дуел во 2019 година. Со освоените три бода, Реал се врати на 10 бода заостанување зад лидерот Барселона, и тоа точно на половина од сезоната.

Лука Модриќ ги доведе гостите во водство, погодувајќи во 13-тата минута со шут надвор од шеснаесетникот. Предноста на гостите беше до 67-мата минута, кога Каналес погоди за Бетис и израмни на 1-1. Сепак, Реал не сакаше само со еден бод да си замине од ова гостување.

Даниел Себалјос, кој влезе во игра во 74-тата минута, погоди во 88-мата минута за голема радост на гостите и три бода за мадридскиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести