И Руд е импресиониран од Новак: Тешко е да се објасни каква инсипирација претставуваш за луѓето

Каспер Руд втора година по ред стигна до финалето на Ролан Гарос и вторпат остана со празни раце. Минатата година, Руд во мечот за титулата зафуби од Рафаел Надал, а денеска подобар од него беше Новак Ѓоковиќ кој славеше во три сета и тоа со 7:6, 6:3, 7:5.

Норвежанецот по мечот призна дека не можел да го спречи Ѓоковиќ да дојде до рекордната 23 грен слем титула.

„Морам да му се обратам на Новак, ова за тебе е уште еден ден и уште еден рекорд. Повторно испишуваш историја. Тешко е да се објасни сево ова е неверојатно, колку си добар и каква инсирација си за луѓето во целиот свет. Среќен сум што повторно играв во финалето на Ролан Гарос. Ќе продолжам да работам напорно и верувам дека ќе се вратам повторно тука, во финалето“, изјави Руд.

- Оглас -

Најнови вести