И се радуваат и тагуваат – Фудбал ќе се игра, но Рур и „Вестфален“ ќе бидат проклето тивки (Видео)

Симпатизерите на Борусија Дортмунд и на Шалке 04 се радуваат, но во истовреме и тагуваат пред почетокот на продолжението на сезоната во Бундеслигата, што ќе биде зачинета со големото рурско дерби на 16 мај во сабота.

На легендарниот „Вестфален“, или сегашниот „Сигнал Идуна парк“, како што велат навивачите, ќе владее чудна тишина бидејќи ќе нема присуство на публика.

Тоа се дел од мерките на Владата на Германија за да се доигра сезоната во Бундеслигата, но без присуство на луѓе на трибините.

„Денот што со нетрпение го чекаат жителите на областа Рур, посебно во Дортмунд и во Гелзенкирхен ќе биде чуден. Ќе владее проклета тишина, а требаше како и секогаш да биде празник за сите. Но, подобро е и вака, отколку никако“, пишуваат новинарите во Германија.

Атмосферата на големите ривали од Рур е величенствена, а секако, ако се играше со публика, „Вестфален“ ќе беше полн со капацитет од над 80 илјади места.

Препознатливото фудбалско шаренило во жолтите бои на Борусија и сините на Шалке 04 ќе ја нема масовноста, а дозволено е на стадионот да има само мачку повеќе од 300 луѓе, колку што е неопходно да се одигра дербито на Рур од 15.30 часот на 16 мај.

- Оглас -

Најнови вести