И Шефилд и Њукасл ќе дадат гол

Советите кои вчера ги предложивме, не беа погодени само за еден гол. Тој погодок фалеше кај Бриж, за кој верувавме дека ќе победи против во Купот на Белгија, а мечот во регуларниот дел заврши 1-1.

Шефилд јунајтед – Њукасл (фудбал, Англија, 20.30 часот)

Шефилд има четири нерешени резултати на последните пет меча, но интересно, тоа не беа мечеви на 0-0, туку двата тима постигнуваа голови. Но, дома Шефилд ретко игра нерешено. И Њукасл е тим кој често игра ГГ, па можеби и вечерва двата тима ќе дадат барем по еден гол. Шефилд одамна нема победа дома против Њукасл, но не ни играле во последните десетина години. Домашните ја имаат една од најдобрите одбрани во лигата, а со победа би се искачиле на шесто место.

Предлог тип: ГГ (2.15)

 

Арсенал – Брајтон (фудбал, Англија, 21.15 часот)

Арсенал е мајстор за играње нерешно, има четири ремија во последните пет кола, а по смената на тренерот, редно е да победат и ова им е идеална прилика. Брајтон е 16-ти, има три порази по ред, а во мај кога гостуваше кај Топчиите во Лондон, одигра 1-1. Домашните се фаворити, во таа нервоза ќе брзаат што порано да го отворат резултатот и конечно да совладаат некого во Премиер лигата.

Предлог тип: 1-1 (2.40)

 

Мускрон – Андерлехт (фудбал, Белгија куп, 20.45 часот)

Тука нема фаворити, ова е куп-натпреварување каде што се можни непредвидливи резултати. И едните и другите се во лоша форма и се наоѓаат во средината на табелата. Нивниот последен меѓусебен дуел на почетокот на август беше јалов, одиграа 0-0, и тоа е доказ дека уште тогаш најавија дека не им се пишува ништо добро сезонава. Во лигата се лоши, па Купот е шанса за рехабилитација.

Предлог тип: 2-3 гола (2.02)

 

Армани Милано – Црвена ѕвезда (кошарка, Евролига, 20.45 часот)

Домашните се фаворити и прашање е само со колкава разлика ќе го победат српскиот шампион. Ѕвезда викендов одигра катастрофално во АБА-лигата и со спуштени глави заминаа на тешкото гостување во Милано. Манекените имаа одличен старт во Евролигата, но потоа имаа три порази во последните четири кола. Доколку им тргне шутот, треба да се игра на плус поени, а можете да бирате од опциите во Sport Life на колку поени ќе типувате.

Предлог тип: >148.50 (1.65)

 

Реал Мадрид – Валенсија (кошарка, Евролига, 21.00 часот)

Реал доби шлаканица од Сарагоса во првенството, па сега во Евролигата ќе треба да се вади пред своја публика против Валенсија, која нема победа на гостувањата, и треба да нападне уште во првата четвртина. Победата на Реал е прилично извесна иако Валенсија добро ги познава мадриѓаните и нивните слаби страни. Реал не загубил дома од Валенсија од јуни 2017 година. Тимовите немаат поголеми кадровски проблеми.

Предлог тип: 1 во Q1 (1.53)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Шефилд јунајтед – Њукасл 1-3 I & 1-3 II (2.15)

Каса Пиа – Порто Т2 1+I & T2 3+ (2.35)

Арсенал – Брајтон 1 & 2-4 (2.65)

- Оглас -

Најнови вести