И следната година ќе има Копа Америка, објавени се системот и групите

Континенталното првенство на Јужна Америка, популарната Копа Америка, своето наредно издание ќе го има веќе следното лето, а домаќини ќе бидат Колумбија и Аргентина, што значи дека Лионел Меси ќе има нова прилика да го освои овој трофеј ако не успее годинава. Потоа Копа ќе се игра на секои четири години, исто како Европското првенство.

На Копа 2020 ќе играат 10 тима од Јужна Америка, плус двајца гости, Австралија и Катар. Новина е што тимовите ќе бидат поделени во две групи по шест селекции, а најдобрите четири од двете групи ќе одат во четврт-финале. Едната група ќе се игра во Колумбија (Колумбија, Бразил, Венецуела, Еквадор, Перу и еден гостин), а другата во Аргентина (Аргентина, Чиле, Парагвај, Боливија, Уругвај и гостин). Отворањето на Копа ќе биде на 12 јуни во Аргентина, а финалето на 11 јули во Колумбија.

Бразил, кој ќе игра групи во северната група во Колумбија, би можело првите пет меча да ги игра во таа земја, потоа четврт-финалето и полуфиналето во Аргентина, а финалето повторно во Колумбија (од Буенос Аирес до Богота лет со авион трае околу шест и пол часа).

- Оглас -

Најнови вести