И соиграчите се држеа за глава, во турската втора лига падна сензационален гол (Видео)

Тузласпор славеше на гостувањето кај Бурсаспор со 1-0 во меч од втората турска лига, кој беше одлучен во 87-мата минута со неверојатен гол на Нигериецот Френсис Езе.

Тој ги изненади буквално сите на стадионот, и навивачите, и своите соиграчи и голманот на Бурса, и од речиси невозможна позиција со шут од 45 метри постигна прекрасен гол. Подвигот е голем и затоа што Тузласпор во последните 30 минути играше со двајца фудбалери помалку на теренот.

Погледнете ја мајсторијата на Езе:

- Оглас -

Најнови вести