И тоа го има, депонија за отпад доби име на фудбалски судија

Откако судијата Владимир Москалев го оштети тимот на Уфа во меч против Арсенал Тула, навивачите во Уфа беа толку бесни, што го натераа градскиот совет да донесе одлука депонијата за отпад во градот, да биде крстена според името на фудбалскиот судија.

Уфа се бори за опстанок во првата руска лига, се наоѓа на 14-то место, кое води во квалификации за останување во лигата, а има само три бода повеќе од зоната која носи автоматско испаѓање. Мечот со Арсенал им беше многу важен во Уфа, а после поразот од 1-2, за виновник го прогласија 32-годишниот судија кој само еднаш судел надвор од Русија и тоа пријателски меч помеѓу младите селекции на Украина и Киргистан.

Москалев се спасил од физички линч во Уфа, но само еден после натпреварот, градските власти одлучија да му испратат порака и сега градското ѓубриште се вика Владимир Москалев.

 

- Оглас -

Најнови вести