И тоа го има во спортот: Бараше да го казнат нејзиниот тренер, затоа што многу зборел (Видео)

Во Мелбурн се е подготвено за старт на првиот Грен слем турнир сезонава, Отвореното првенство на Австралија, кое започнува утре. Во пресрет на Грен слемот, беа одиграни неколку мечеви како подготовка за главниот настан.

Романката Сорана Кристеа играше на еден од тие мечеви и направи потег кој ќе се памти. Тенисерката ги загуби нервите затоа што нејзиниот тренер постојано и сугерирал што треба да направи и го коментираше секој нејзин потег. За време на една од паузите, Кристеа побара од судијката да го опомене нејзиниот тренер, односно да го отстрани од трибините.

„Може ли да го казните? Цело време зборува. Десет пати му реков да замолчи, а тој не престанува да зборува“, се обрати Кристеа кон главната судијка.

Кога доби објаснување дека ако го казни нејзиниот тренер, ќе мора автоматски да ја казни и нејзе, Кристеа се откажа од барањето. На крајот, Романката го загуби мечот со 3:6, 1:6 и сега се подготвува за дуелот од првото коло на Австралија опен против Патриција Марија Тиг.

 

- Оглас -

Најнови вести