И тоа се случи: Беласица ја победи Шкендија, а Победа со „еден во два“ славеше против Работнички

По малку чудни резултати во 30-тото коло од Првата македонска фудбалска лига. Лидерот и актуелен шампион Шкендија загуби на гостувањето кај Беласица, која се бори за опстанок, а победа забележа и фенерџијата Победа, и тоа на гости кај Работнички со 2-1. Подвигот на прилепчани е уште поголем ако се знае дека гостите губеа на полувремето, а потоа со пресврт во вториот дел ги освоија трите бода.

Беласица уште на почетокот најави дека е подготвена да направи изненадување. Со голот на Ѓорѓиев поведе уште во петтата минута, а во вториот дел Бејтулаи си даде автогол, па струмичани поведоа со 2-0. Шкендија даде почесен гол преку Шефити во 70-тата минута, но не успеа да го избегне вториот пораз на гости сезонава.

Работнички беше фаворит против Победа, но „романтичарите“ загубија на свој терен. Домаќините добро започнаа и поведоа во првиот дел. Сепак, во второто полувреме се случи чудо. Победа со погодоците на Ефремов во 74-тата и на Тимовски во 76-тата минута направија целосен пресврт. За Победа ова беше само втор триумф на 15 меча на гостински терен сезонава.

Најтрофејниот тим кај нас, Вардар, со двата гола на Колевски во 41-тата и 88-мата минута стигна до трите бода против Македонија Ѓорче Петров.

Резултати: Беласица – Шкендија 2-1, Македонија Ѓорче Петров – Вардар 0-2, Работнички – Победа 1-2, Ренова – Силекс 1-0, Шкупи – Академија Пандев 1-0.

Табела: Шкендија 66 бодови, Вардар 57, Академија Пандев 47, Шкупи 42, Ренова 39, Работнички 39, Македонија ЃП 35, Силекс 31, Беласица 30, Победа 23 бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести