И тоа се случи: На полувреме го спроведоа во карантин!

Белененсес на домашен терен загуби од Мореиренсе со 0:1, а мечот го одбележа еден неочекуван потег. Голманот на домаќините Андре Мореира на полувремето мораше да го напушти стадионот и беше префрлен во карантин. Како се случи Мореира да биде дел од составот на Белененсес, а на полувремето да мора да оди во карантин?

Проблемот е во тоа што Мореира ја делел собата со соиграчот Монтеиро кој беше позитивен на тестирањето на Коронавирусот пред 10-тина дена. Поради тоа што биле цимери, Мореира минатата недела го пропушти мечот против Порто, но синоќа беше дел од составот и седеше на клупата за резервни играчи.

Сепак било констатирано дека Мореира поминал само седум дена во карантин наместо потребните 14 дена, па голманот на Белененсес на полувремето морал да си замине од стадионот и повторно да замине во карантин. Интересно е што по констатирање дека имаат позитивен случај во тимот, сите фудбалери на Белененсес биле тестирани на Коронавирусот и биле негативни, но голманот мора да биде во карантин, затоа што бил цимер со заразениот.

- Оглас -

Најнови вести