И тоа се случи во 2019 година: Има подобар голгетер од Меси и Роналдо

Лионел Меси успеа по девети пат во последните 10 години да стигне до 50 погодоци, без разлика дали е тоа во дресот на Барселона или аргентинската репрезентација. Сепак, оваа бројка од точно 50 погодоци не беше доволно Аргентинецот да го добие приматот на прв стрелец во 2019 година.

На првото место на листата се најде Роберт Левандовски кој во 2019 година постигна 54 погодоци како играч на Баерн Минхен и на полската репрезентација. Меси е вториот на листата со точно 50 погодоци, а трет е Килјан Мбапе. Напаѓачот на Пари Сен Жермен и француската репрезентација постигна 44 голови.

Моментно зад Мбапе е Рахим Стерлинг со 43 погодоци. Напаѓачот на Манчестер сити и англиската репрезентација синоќа даде два гола за Граѓаните, но тоа беше недоволно првакот да се спаси од пораз против Вулверхемптон. До крајот на годината Стерлинг ќе одигра уште еден меч и тоа на свој терен против Шефилд јунајтед, па со евентуални нови два гола ќе може да го надмине Мбапе.

На листата на најдобри стрелци се наоѓаат уште и Еран Захави (Израел и Гуангжу) со 40 голови и Кристијано Роналдо (Португалија и Јувентус) со 39 погодоци во 2019 година.

 

- Оглас -

Најнови вести