И тоа се случува: Фудбалер му покажа жолт картон на противник (Видео)

Необичен момент го одбележа дуелот меѓу Америка де Кали и Петролерa, кој заврши со победа на домаќините од 2:1. Дуелот имаше драматичен финиш, затоа што голот за победа, домаќините го постигнаа во 90+6 минута.

Тогаш зовреа и страстите кај гостите, па судијата Карлос Ортега во еден момент сакаше да му покаже жолт картон на еден играч на Петролера, кога картонот му падна на земја.

Фудбалерот на Америка де Кали, Марлон Торес го крена жолтиот картон од тревата, но наместо да му го даде на судијата, тој му даде јавна опомена на противникот.

- Оглас -

Најнови вести