Тимот на Њујорк никс славеше со сигурни 120:103 против Торонто за продолжување на серијата на девет победи, од кои седум се на домашен терен. Составот на Тим Тибадо во последните 12 меча од регуларната сезона ќе влезе како четвртопласиран на Истокот со учинок 34-27, односно една победа повеќе од Атланта против која ќе се води тесна битка до крајот за изборување предност на домашен терен во плејоф серијата.
Immanuel Quickley buries the trey and who else but Theo Pinson to celebrate it!
NYK in front on ESPN pic.twitter.com/28XVdqAPgB
— NBA (@NBA) April 24, 2021
Њујорк сосема заслужено дојде до триумфот држејќи се во водство во поголемиот дел од средбата. Сепак, отпорот на Торонто попушти во последните минути од третиот период, за во решавачкиот период домаќините да го забрзаат темпото и со серија од 12-0 да ја најават победата.
Никси беа предводени од расположениот Џулиус Рендл, кој во последните седум меча дури шестпати заврши со 30+ поени. Првата ѕвезда на Њујорк запиша дабл-дабл од 31 поен и 10 скока вечерва, како најголем виновник што Репторси не стигнаа до петта победа во низа.
Derrick Rose goes to work again… it's a 14-3 @nyknicks run to open the 4th on ESPN! 🔥 pic.twitter.com/m9wiPa8JO4
— NBA (@NBA) April 24, 2021
Реднл имаше голема помош и од Роуз со 19 поени и 7 асистенции, додека комбинираните 54 поени на Ануноби и Ванвлит (по 27), не беа доволни за Торонто остане во победнички ритам по четири врзани триумфи.