И Тотенхем е во криза, Чеканите во игра за ЛШ

Вест хем со конечни 2-1 оствари голема победа над Тотенхем и најави дека ќе се бори за пласман во Лигата на шампионите. Чеканите избија на високот четврто место со оваа победа со 45 бода, односно девет повеќе од денешниот ривал кој остнаа на деветтото место на табелата.

Избраниците на Дејвид Мојс рано го отворија малото лондонско дерби со голот на Микел Антонио во петтата минута. Фабијански во повеќе наврати беше тестиран од страна на Хари Кејн, но одговори на задачата, па така домаќините искористија нова шанса за да ја заверат победата.

Лингард зголеми на 2-0 на стартот од второто полувреме, додека тимот на Жозе Мурињо не можеше да стори повеќе освен да постигне почесен гол преку Лукас  во 64-тата минута.

За Тотенхем ова е осми овосезонски пораз, односно петти во последните шест кола, по што избраниците на Специјалниот постепено се оддалечуваат од поставената цел, а тоа е пласман меѓу четирите најдобри екипи.

- Оглас -

Најнови вести