И Турците се чудат зошто Елмас не игра

Со доаѓањето на тренерот Ерсун Јанал, драстично се намали минутажата на Елиф Елмас во Фенербахче, а и турските медиуми пишуваат на таа тема со зачуденост зошто македонскиот репрезентативец не добива шанса.

На почетокот на сезонава, Елмас беше една од ѕвездите во тимот, холандските тренери Филип Коку и Ервин Куман имаа доверба во него, па и цената за Елиф порасна, за него се интересираат италијански и англиски клубови кои нудат по 15-20 милиони евра за него.

Но, младиот Елмас иако играше добро за националниот тим, не се вклопува во плановите на Јанал и на последните мечеви е на клупата. На последните шест меча на Фенер, Елмас играше само 75 минути. Викендов Фенер го игра големото градско дерби против Галатасарај и веројатно повторно Македонецот нема да биде меѓу стартерите освен ако не се случи нешто непредвидено.

- Оглас -

Најнови вести