И „Твитер“ застана во одбрана на црномурните фудбалери

По ремито против Вулверхемптон изминатиот викенд, од таборот на Манчестер јунајтед издадоа соопштение околу вербалниот напад врз Пол Погба на социјалните мрежи. Французинот утна пенал кој можеше да значи три бода за Црвените ѓаволи, по што неговиот активен профил на „Твитер“ беше преплавен од навредливи коментари за неговата боја на кожа.

Ова не е прв случај од ваков тип во кој фудбалер од Премиер лигата е жртва на расистички навреди. Тоа случи и минатата сезона, цел беше ѕвездата на Манчестер сити, Рахим Стерлинг, како и пред неколку дена, за време на европскиот Суперкуп меѓу Челзи и Ливерпул. Навреди на расна основа беа упатени кон младиот напаѓач на Сините, Тами Абрахам, кој го утна одлучувачкиот пенал во битката за трофејот.

Токму затоа „Твитер“ одлучи да преземе мерки и соопшти дека во идниот период ќе надгледува профили на 50 црномурни фудбалери. Во случај да се забележи негативен коментар, ќе биде автоматски избришан, додека на корисникот кој ќе се осмели да навредува ќе му биде забранет пристап на познатата социјална мрежа и веднаш ќе биде пријавен во полиција.

- Оглас -

Најнови вести