Дејна Вајт, претседателот на УФЦ, со сите сили се обидуваше да најде начин закажаните борби на УФЦ 249 да се одржат, но сепак пандемијата со Коронавирусот е посилна и од најекстремните борби. Сите планирани настани, вклучувајќи го и претстојниот на 18 април, се откажани на неодредено.
УФЦ 249 првично требаше да се одржи во Бруклин, на којшто главната борба беше меѓу Тони Фергусон и Хабиб Нурмагомедов, најавена како битка за титулата во лесна категорија. Оваа борба се откажа, а во меѓувреме на местото на Хабиб влета Џастин Гејџи, а за спектаклот се најде нова локација во Калифорнија.
Сепак, САД моментално се најпогодени од пандемијата, по што логична беше одлуката да се одложи додека ситуацијата не се стави под контрола.